ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 5 ДО 11.10.2020 – ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, НАЈЗАСТАПЕНА ВОЗРАСНАТА ГРУПА ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 5 октомври до 11 октомври бележи зголемување на бројот на новодијагностицирани и процентот на позитивни од тестирани, најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години.

Од 13.028 тестирања се дијагностицирани 2.243 новозаболени од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5%, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1155; 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија – 215,1/100.000. Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (n=456, 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=440; 19,6%), 20-29 (n=414; 18,5%), над 60 (n=405; 18,1%) и 50-59 (n=343; 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=53; 2,4%) и 10-19 години (n=132; 5,9%).Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.347; 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513 (38,1%) имале контакт со потврден случај.

Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување (во последни 14 дена)По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе, во споредба со претходната недела.Пријавен е 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица. Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 5 до 11.10.2020г., како и кумулативната состојба со Ковид-19 се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје http://iph.mk/

Сподели на:

Related Posts