ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛИКОВНА ТВОРБА „ЧИСТИ РАЦЕ-ДОБРО ЗДРАВЈЕ“

Драги ученици, родители и наставници,

15 Октомври е Светски Ден за миење на рацете и ден за подигнување на свеста за чисти раце, за редовно миење и грижа за нашето здравје.

Дека чистите раце значат добро здравје, сигурни сме дека учениците веќе добро знаат, и затоа по тој повод, Министерството за здравство со поддршка од Министерството за образование и наука ги поканува учениците од 1-во до 5-то одделение од сите Основни Училишта во Република Македонија, да учествуваат на јавниот повик за ликовна творба на тема „Чисти раце-Добро здравјe“.

Кандидатите-ученици имаат потполна слобода во креативното ликовно изразување кое можат да го насликаат на Блок А3 формат.

Творбите може да ги испраќате на адресата на Министерството за здравство: 50 Дивизија, бр.14 Скопје, со назнака – Ликовна творба „Чисти раце-Добро здравје“, најдоцна до 15 ноември 2018 година.

Најдобрите трудови ќе бидат наградени, а од сите пристигнати ќе биде направена изложба на тема „Чисти раце-Добро здравје“, за која дополнително ќе известиме.

Ги повикуваме сите ученици, родители и наставници да се вклучат во оваа кампања и заеднички да се едуцираме за здравјето и да создадеме здрави навики кај младите.

Сподели на:

Related Posts