КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП СО НОВИ АПАРАТИ И 50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска заедно со Ален Георгијев, директор на Клиничката болница во Штип, го промовираа новиот апарат, видео-ендоскоп за гастроскопија и колоноскопија,  вреден 100 илјади евра. Овој современ апарат го набави Министерството за здравство, е наменет е за пациентите од Штип и околните места. Покрај ендоскопот, оваа болница доби и 10 нови кревети со пациент-монитори, инфузомати и перфузори во коронарната единица, како и нова центрифуга-машина во клиничката лабораторија. Набавен е и нов стол за екстензија за ортопедски и трауматолошки операции.

Директорот Георгијев, го информираше министерот Филипче и за другите новости во оваа Клиничка болница и додаде дека првпат по 50 години, болницата доби нови машини за перење и сушење алишта.

– Многу сум задоволен од тоа како се развива оваа Клиничка болница. Приоритет на Министерството е обнова и реконструкција на постојнките капацитети, како и набавка на нови апарати, што тука во Штип очигледно добро се спроведува. Со големо задоволство им честитам на 50 нововработени лекари и здравствени работници во оваа болница, изјави министерот Филипче.

Оваа Клиничка болница е голем регионален медицински центар и ги опслужува пациентите од речиси целиот регион од Источна Македонија. 

Сподели на:

Related Posts