КОНТРОЛАТА НА УПОТРЕБАТА НА ТУТУН КЛУЧНА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Контролата на употребата на тутунот е јавноздравствен предизвик со кој сите заедно се соочуваме и затоа е клучен мултисекторскиот пристап и соработката и поддршката од Светската здравствена организација, со цел заштита на здравјето на населението, истакна заменик министерот Јовица Андовски на дебатата на високо ниво, посветена на заштита на сегашните и идни генерации од штетните ефекти од пушењето.

Контролата на употребата на тутун е поставена меѓу врвните приоритети на Министерството за здравство, тоа е еден од клучните аспекти за подобрување на здравјето на населението и намалување на кардиоваскуларните заболувања. Според последното истражување спроведено од Институтот за јавно здравје, 45,4% од возрасната популација над 18 години пушат цигари.

-Во однос на активностите кои се спроведуваат на терен, во Центрите за јавно здравје низ државата работат доктори специјалисти кои се обучени да даваат совети и препораки за престанок со пушењето. Институтот за јавно здравје неодамна отвори и посебна телефонска линија „Не пуши-откажи се” која функционира секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Исто така, советите и консултациите за откажување од пушењето се во рамки на делокругот на работа и на матичните лекари, истакна Андовски

Сподели на:

Related Posts