-Честит 30-годишeн јубилеј од формирањето на Лекарската комора на РСМ! Вие сте наш партнер во креирањето и имплементирањето на здравствените политики и вашиот придонес е од непроценливо значење за унапредување на здравствениот систем, истакна на јубилејното одбележување, министерот за здравство, д-р Беким Сали.
Лекарите се основна движечка сила на здравствениот систем. Нашата интенција како Министерство за здравство е да овозможиме што е можно поповолни услови за стручен раст и развој на лекарите, како и соодветно вреднување на вашиот труд и придонес.
-Уверен сум дека нашата успешна соработка ќе продолжи и во иднина со реализација на многу новини и успешни заеднички проекти, од кои најголем бенефит ќе имаат пациентите, истакна министерот Сали.