МЕЏИТИ И МАНОЛЕВА НА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ,,НАПРЕДОК И СЛЕДНИ ЧЕКОРИ”

Денес, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменик министерката д-р Маја Манолева, присуствуваа на националната конференција за ментално здравје ,,Напредок и следни чекори”.На настанот д-р Фатмир Меџити беше дел од панел дискусијата: Менталното здравје на децата и адолесцентите на која истакна: ,,Ние како Министерство за здравство сме горди што успеавме со поддршка на УНИЦЕФ и УСАИД, како и универзитетските клиники за психијатрија и гинекологија да обезбедиме научни податоци, првпат од ваков обем во државата, и на оваа тема, со посебен фокус на адолесцентите и нивните семејства, како и жени во перинатален период.

Нема достапен опис

Работиме да обезбедиме поддршка и развивање на различни модалитети на услуги за менталното здравје на децата и младите, зајакнување на постојните, соработувајќи со Клиниката за психијатрија за разгледување на препораките од студиите и можностите за имплементација”….

Сподели на:

Related Posts