МЕМЕДИ: МЛАДИТЕ ЛЕКАРИ СЕ ДВИЖЕЧКА СИЛА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

Државниот секретар, д-р Бесим Мемеди се обрати на денешната регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, во организација на ХЕРА.

-Младите лекари се главна движечка сила, наша заложба е да овозможиме што е можно поповолни услови за развој на младите лекари во нашата држава и соодветно вреднување на нивниот труд.

Исто така, со деканите на Медицинските факултети договоривме вработување на пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето ќе им биде понудено вработување во државните болници со тенденција од идната година таа бројка да се зголеми.

Сподели на:

Related Posts