Mинистерот Беким Сали заедно со заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, присуствуваше на свечената академија по повод одбележување на Меѓународниот ден на медицинските сестри и неделата на сестринството, во организација на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ). – Улогата на медицинските сестри во справувањето со пандемијата, како и постепеното нормализирање на работата на здравствените установи е од витално значење за здравствениот систем и сето ова ја истакнува важноста на работата која максимално професионално ја извршуваат медицинските сестри, техничари и акушерки. За таа цел, во континуитет се реализират активности за подобрување на условите за работа на медицинските сестри и на целокупниот здравствен персонал. Интенцијата е овој тренд и натаму да продолжи. Со ваков пристап, сметам дека заеднички можеме да придонесеме во унапредување на статусот на медицинските сестри во општеството, со што пропорционално ќе имаме и позадоволни пациенти, посочи министерот Сали.

Related Posts

НОВА КОМПРЕСОРСКА СТАНИЦА ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
февруари 10, 2025

НА ОРТОПЕДИЈА ИЗВРШЕНА УШТЕ ЕДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА СО КОСКА ОД ДОНОР
февруари 6, 2025

ПРВА НАЦИОНАЛНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА РЕФОРМА НА БОЛНИЧКИОТ СЕКТОР
јануари 31, 2025