Одржлив и модерен здравствен систем, унапредување на превентивните здравствени услуги, поддршка за лицата со попреченост, буџетирање на здравствениот сектор беа дел од темите за кои разговаравме на денешната средба со Росана Дуџак, постојан координатор на ООН во Република Северна Македонија.
На средбата, меѓу другото, дискутиравме и за активности за справување со родовото насилство, како и разни услуги за здравствена и социјална поддршка за ранливите групи како дел од обезбедувањето интегрирани услуги, промовирање на здравата исхрана во училиштата.
Голема благодарност за целокупната поддршка во справувањето со Ковид-19, како главна точка на агендата на агенциите на ОН во последните две години, во рамки на која е обезбедена значајна помош и координација за справување со последиците од пандемијата.