На денешната средба со министерка за труд, социјална политика, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија, м-р Беате Хартингер-Клајн, информирав за успешната реализација на заедничкиот проект на Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика за промовирање на првиот сервис за домашна посета, кој успешно функционира во Кочани и Ресен, а наскоро и во Битола.
Проектот е поддржан од програмата за општинско корисна работа на УНДП – програма која има за цел да овозможи социјално вклучување на невработените лица преку нивно ангажирање на определено време за стекнување одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Новата услуга е реализирана од два мултидисциплинарни тима составени од медицински сестри и социјални работници кои секојдневно посетуваат по неколку домаќинства, со цел основна здравствена и социјална грижа во домашни услови.
На средбата беа споменати повеќе мерки за унапредување на здравствената заштита и статусот на здравствените работници. Продолжуваме со интензивна соработка со Владата на Австрија, со која имаме одлични релации во областа на здравството. Во следниот период, ќе ја унапредиме соработката и во делот на изградба на нов Клинички Центар во Скопје.
Министерот Филипче и австриската министерка Хартингер-Клајн дискутираа за интензивната соработка од потпишувањето на Меморандумот за соработка, како и за тековните реформи, дигитализацијата во здравствениот сектор и заедничките активности кои произлегуваат од соработката со Република Австрија.
По средбата, со австриската министерка Хартингер-Клајн, ја посетивме Општата Градска болница „8-ми Септември“.