ПОСЕТА НА ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ – РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА НАСОВРЕМЕНИ ПРАКТИКИ ВО МЕДИЦИНАТА

Во рамки на посетата на Обединети Арапски Емирати, министерот Таравари ја посети познатата болница „Cleveland Clinic“ и се запозна со работата и најсовремените практики на медицинска интервенција. Тој го посети центарот за симулација и обука во оваа клиника.

Исто така, посебно задоволство беше средбата со д-р Луис Кампос, директор на центарот за трансплантација на црн дроб, каде што ја разгледа можноста за размена на искуства меѓу лекарите од двете држави, особено изучување на практиките на трансплантација од жив донор.

За време на посетата, министерот Таравари имаше задоволство да се сретне со д-р Маха Баракат, помошник министер за здравство во Министерството за надворешни работи.

На средбата се разговараше за зајакнување на односите меѓу двете земји, со потенцијално потпишување меморандум за соработка во областа на јавното здравство, специјализации и размена на искуства меѓу лекарите.

Исто така, се разгледаа можности за доаѓање на студенти од ОАЕ за студирање во нашата држава, како и инвестиции во македонскиот здравствен систем.

Оваа посета е добар почеток за идната соработка меѓу двете пријателски земји.

Сподели на:

Related Posts