МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ИМАШЕ СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА ХРВАТСКА, НИВЕС ТИГАЊ.

Размена на искуства во областа на трансплантација помеѓу нашата држава и Хрватска, како и обука на здравствени работници во неколку области на здравството беа клучните точки на денешната средба на министерот за здравство, Беким Сали со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

Овој тип средби за нас се од исклучително значење, особено земајќи ја во предвид важноста за континуирано усовршување и едукација на медицинскиот персонал, како еден од клучните сегменти за унапредување на квалитетот на здравствената услуга за пациентите, посочи министерот Сали.

Сподели на:

Related Posts