Министерот за здравство, д-р Беким Сали денеска беше во посета на заболените дечиња со ковид, кои придружувани од родител се хоспитализирани тука во ковид центарот на Детската болница Козле.- Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра .Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза – информираше министерот Сали, изразувајќи благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата што ја пружа за пациентите во услови на пандемија.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024