„10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом. Според извештаите кои секојдневно ги добивавме од Службата за итна медицинска помош со домашно лекување, јасно е дека зголемувањето so возила и екипи, кадровско екипирање и дисперзирањето на службата за брза помош во градот и околината е повеќе од приоритет. Со новите возила, значително ги зајакнуваме капацитетите во оваа јавно-здравствена установа“, потенцираше министерот Филипче.
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување и итна стоматолошка помош овозможува 24 часовна здравствена заштита, како единствена за градот Скопје и околните населени места.
„Значително ги подобруваме условите за работа со новите возила. Со поддршка на општина Гази Баба и градоначалникот Борис Георгиевски, Итната медицинска помош доби донација две специјални возила за медицински потреби од страна на Чешка како давател на донацијата. Би сакал да истакнам дека извршивме набавка и на 10 фрижидери со сопствени средства за здравствениот дом. Покрај ова, следејќи ги стандардите за квалитетна здравствена заштита, во интерес на долгогодишната соработка и грижа за пациентите во делот на превентивната здравствена заштита, добивме донација од Ново Нордиск-Фарм 6 големи фрижидери за непречено соодветно чување на вакцините и инсулините во температурен режим. Од голема важност е континуирано да инвестираме во нова и современа технологија“, изјави директорот на Здравствен дом Скопје, Исјановски.
Во однос на законски предвидената имунизација, Здравствениот дом Скопје опфаќа третина од државата и постигнување на правилна и целосна имунизација обезбедува стабилен епидемиолошки статус и колективен имунитет во општеството.
„За нас како најголема здравствена установа за град Скопје и околните населени места најважно е постојано да водиме грижа за здравјето на нашите граѓани и да продолжиме понатаму преку фокусирање на пациентите, користење на современа технологија во склад со следење на светските стандарди за квалитетна здравствена заштита и промоција на здрав стил на живот за здравје во семејството во насока на спречување на болести“, рече директорот на Здравствен Дом Скопје, Кока.