Министерот за здравство утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната сообраќајна несреќа.
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово ги посети повредените пациенти од вчерашната страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово и во која починаа 14 лица.
Четири од повредените пациенти во болницата „8 Септември“ и три повредени пациенти во Ургентниот Центар во Скопје сé уште се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.
Ангажирани се сите ресурси и правиме сé за да ги спасиме животите на тешко повредените. Со повеќе информации ќе излеземе во текот на денешниот ден.