Денес на ТОАРИЛУЦ првпат со асистенција на робот беше изведена операција на артроза на колено со дегенеративни промени.
-Посебно сум горд на целиот тим кој учествуваше во самата интервенција.Покрај хирурзите се користи асистенција од робот што придонесува во голем процент за успешноста на самата процедура и намалување на можните комплилации. Овој вид интервенција не само што се изведува првпат во ортопедијата,туку и воопшто во македонското здравство . Интервенцијата е дел од билатералната соработка на Клиниката за ортопедија и Ортопедската болница од Лариса,кажа министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.
Директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Александар Трајановски посочи дека секогаш е предизвик да се воведе нова метода во лекувањето на пациентите. -Бенефитот од ова ќе го имаат наштите пациенти и тоа е она што е најважно за нас. Мило ми е што последниве години ја издигнавме ортопедијата на едно повисоко ниво со воведувањето на сите овие новини во хирургијата и со вклучувањето во трансплантацијата . За мене како лекар и како директор ова е особено задоволство, изјави д-р Трајановски на денешната заедничка прес конференција по повод извршена интервенција со асистенција на робот која првпат се изведува во јавното здравство.