НОЌНИ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТОВИ ВО „ЈАНЕ САНДАНСКИ“, „БИТ ПАЗАР“ И „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“

Во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит Пазар“ и „Ѓорче Петров“ од 1 јануари 2019 година ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови.

Овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит Пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи и ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела, овие пункотови ќе работат 24 часа, а лабораторијата од 8:00 до 23:30 часот. 

Ноќните педијатриски пунктови, денеска (25 декември 2018 година) ги промовираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заедно со  Злате Мехмедовиќ,  директор на Здравствен дом-Скопје.

Министерот Филипче изјави дека целта на отворањето на ноќните пунктови во трите поликлиники е родителите што побргу и полесно да стигнат до медицинска помош за своите деца кога се болни, но и да се намали фрекфенцијата на пациенти во детската клиника во ноќните часови.

-На мое големо задоволство го најавувам отворањето на педијатриските пунктови во трите поликлиники, каде  лекарските служби ќе се приближат до пациентите, кои живеат далеку од Клиничкиот центар. Прегледите ќе ги вршат општи лекари, кои минаа соодветни обуки за педијатриски прегледи. Трите педијатриски пунктови се опремени за прегледи на вонболничка здравствена заштита или покрај другото имаат можност за предглед на крвна слика и урина, инхалирање, со цел  да можат полесно да се дијагностицира здравствениот проблем кај најмладите пациенти.

Со отворање на овие пунктови ќе се растовари метежот во Клинички центар, но секако  потешките случаи, сепак, ќе бидат упатувани на Клиниката за детски болести клиника, изјави министерот Филипче.

Директорот на Здравствен дом-Скопје, Мехмедовиќ изјави дека целиот кадар, кој е ангажиран во овие ноќни пунктови има поминато специјална и соодветна обука на катедрата за семејна медицина и имале практична настава на Клиниката за Детски болести, за да можат да вршат педијатриски прегледи.

Сподели на:

Related Posts