НОВА СЕНЗОРНА СОБА ВО ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СЛУХ, ГОВОР И ГЛАС

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје е пуштена во употреба нова сензорна соба наменета за деца кои имаат пречки во развојот.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче истакна дека се работи за комплетно реновирани простории со средства од буџетот на институцијата кои досега биле целосно затворени.

– Станува збор за европски концепт со современи насоки кои се имплементирани во оваа програма за когнитивна, за гестикуларна стимулација, за вежби со говорот на дечињата кои ќе се дијагностицираат во еден мултидисцилпинарен пристап заедно со логопеди и дефектолози од оваа институција и со детски психијатри во рамки на Психијатриската клиника во Скопје, потенцираше министерот.

Воедно, министерот информираше дека се упатени барања за дополнителни вработувања до Министерството за финансии, за 17 дефектолози.

Сподели на:

Related Posts