ОБУКИ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ЗА BASIC LIFE SUPPORT

Како резултат на одржаната средба на министерот за здравство, д-р Венко Филипче со Здружението на медицински сестри на Република Македонија, техничари и акушерки на Македонија и Здружението на анестезиолози, неделава стартуваа обуките за медицински сестри за постапување при животозагрозувачки состојби (Basic Life Support), како прв чекор во континуираниот процес на едукација.

Во текот на оваа недела е предвидено со обуките да бидат опфатени вкупно 230 учесници.

Обуките се спроведуваат во соработка со Медицинскиот симулациски центар и предвидено е со договорената динамика да продолжат и во претстојниот период, согласно континуираните заложби на Министерството за здравство за унапредување на знаењата и вештините на здравствениот кадар во јавните здравствени установи во државата.  

Сподели на:

Related Posts