Во Општа болница Велес денес е промовирана нова современа медицинска опрема за одделите за ортопедија и за урологија.

Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски.
Ставен во функција артроскопски столб со 4К резолуција за побрзи и поквалитетни ортопедски и трауматолошки процедури, како и хирушки тулиум ласер за операции на простата и калкулоза во уринарен тракт.
Пациентите ќе ја добијат оваа здравствена услуга поблиску до местото на живеење.
Новата опрема е во вредност од над 24,5 милиони денари.
