МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО
објавува ОГЛАС
за пријавување на кандидати за полагање на испит за директор на јавна здравствена установа
Ги покануваме сите заинтересирани кандидати кои имаат интерес да полагаат испит за директор во јавна здравствена установа да се пријават на овој оглас што го објавува Министерството за здравство. Согласно член 104 став (2) точка 4) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија” бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19) положениот испит за директор е еден од условите за именување директор на јавна здравствена установа по распишан конкурс.
Огласот се однесува за полагање испит за директор како работоводен орган на јавна здравствена установа и тоа:
– за директор на јавна здравствена установа, согласно член 104 од Законот за здравствената заштита;
– за организа циски директор на јавна здравствена установа, согласно член 105 од Законот за здравствената заштита и
– за медицински директор на јавна здравствена установа, согласно член 105 од Законот за здравствената заштита.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ: 1. пријава;
2. кратка биографија (резиме, Curriculum Vitae), контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса);
3. мотивационо писмо;
4. уверение или диплома каде е наведен просекот од завршените студии/академски студии од прв циклус за високообразовните кадри утврдени во член 104 став (2) точка 3) и член 105 став (2) точка 3) и став (5) точка 3) од Законот за здравствената заштита;
5. потврда за познавање на странски јазик: TOEFL или IELTS за англиски јазик или нивни еквивалент за соодветното говорно подрачје, а доколку кандидатот завршил последипломски или докторски студии во странство, доставување на копија од дипломата која е еквивалент на потврда за познавање на јазик;
6. потврда за завршени академски студии од втор циклус (последипломски студии), доколку кандидатот поседува;
7. потврда за завршени академски студии од трет циклус (докторски студии), доколку кандидатот поседува.
– потврдите од точките 6. и 7. не се услов за прифаќање на апликацијата, но претставуваат предност при рангирањето на кандидатите
Документите се доставуваат во фотокопија, за чија веродостојност тврди подносителот на пријавата со самото нивно доставување заедно со пријавата. Документите можат да се предадат непосредно во архивата на Министе рството за здравство или да се испратат преку препорачана пошта на адреса: Министерство за здравство, ул. 50-та Дивизија, бр.14, Скопје, со назнака: ОГЛАС за пријавување на кандидати за полагање на испитот за директор на јавна здравствена установа. Ако документите се испратени преку препорачана пошта, денот на предавањето на поштата се смета како ден на предавање до Министерството за здравство.
Огласот е со важност од десет работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
БОДИРАЊЕ СПОРЕД КОЕ СЕ ВРШИ РАНГИРАЊЕ НА КАНДИДАТОТ
Кандидатите кои имаат комплетна документација ќе бидат рангирани согласно наведеното бодирање:
– просек од завршени академски универзитетски студии од прв циклус – 15 бода;
– познавање на странски јазик: TOEFL или IELTS за англиски јазик или нивни еквивалент за соодветното говорно подрачје, а доколку кандидатот завршил последипломски или докторски студии во странство, доставување на копија од дипломата која е еквивалент на потврда за познавање на јазик – 15 бода,
– завршени академски универзитетски студии од втор циклус (последипломски студии) – 15 бода;
– завршени академски универзитетски студии од трет циклус (докторски студии) – 25 бода;
– рангирање на универзитетот на кој кандидатот ги завршил своите додипломски, последипломски или докторски студии:
а) на универзитети во Република Северна Македонија врз основа на рангирањето според последно објавената официјална ранг-листа на универзитети во Република Северна Македонија – 10 бода,
б) на странски универзитети согласно ранг-листата на универзитети спроведена од Институтот за високото образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет – 20 бода.
Ранг-листата на кандидатите ќе биде објавена на веб-страницата на Министерството за здравство.
– – –
Испитот за директор се состои од два дела: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (практичен пример), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. Првиот дел од испитот се полага со одговарање на определен број прашања, а вториот дел од испитот се состои од практичен пример кој содржи конкретен случај и одговори на прашања кои произлегуваат од практичниот пример. Испитот се полага во вид на решавање на електронски тест на компјутер.
Испитните прашања и практични примери за полагање испит за директор се поделени во четири модули и се подготвени согласно литературата утврдена во Правилникот за содржината на програмата и начинот на полагање на испитот за директор во јавна здравствена установа, како и формата и содржината на образецот на уверението објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 85/2012. Во Правилникот се определени и поглавјата или деловите од литературата што се основа за оформувањето на прашањата и практичните примери.
Согласно Правилникот, литературата која се користи при подготовка на испитот е составена од најдобрите книги од проектот „Превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, посебна е за секој од четирите модули и може да се обезбеди во „Читалната 1000 книги“ согласно правилата објавени на www.1000knigi.mon.gov.mk која функционира во рамките на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија или во други библиотеки и читални во кои се доставуваат книги од проектот или продажни места и книжарници согласно објавените информации на истата веб-страница, литературата наведена во Правилникот како „Ново Јавно Здравство -Тулчински“ може да се обезбеди во други библиотеки и книжарници, a „Health in Transition (Македонија, Словенија, Германија, Канада, Израел)“ може да се обезбеди од достапни интернет-извори.
Базите на прашања и базите на практични примери според кои кандидатите ќе полагаат испит за директор, поделени по четирите модули согласно Правилникот, се објавени на следната веб-страница: www.prasanja.mk
Кандидатите кои имаат комплетна документација ќе бидат рангирани на ранг-листата објавена на веб-страницата на Министерството за здравство и ќе бидат известени за времето и местото на полагање на испитот кое ќе се одржи во септември 2019 година, како и за уплатата за секој модул на програмата, најдоцна 15 дена пред денот определен за полагање на испитот на нивните мејл-адреси и преку веб-страницата на Министерството за здравство.
Kандидатот кој успешно го положил испитот за директор, пред доделувањето на уверението за положен испит за директор ќе го полага испитот од програмата за едукација за јавни набавки на Бирото за јавни набавки.
*
* *
Овој оглас е објавен на 15 мај 2019 година во дневните весници „Независен весник“, на македонски јазик и во „Коха“ („Koha“), на албански јазик. Овој оглас, како што е наведено во него, е со важност од десет работни денови сметано од наредниот ден од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање, односно од 16 мај 2019 година.
Правилникот за содржината на програмата и начинот на полагање на испитот за директор во јавна здравствена установа, како и формата и содржината на образецот на уверението објавен во „Службен весник на Република Македонија” бр. 85/2012, кој што е се наведува во огласот, покрај во наведениот број на печатеното издание и на електронското издание на „Службен весник на Република Македонија” , е достапен за директно преземање и од оваа веб-страница на Министерството за здравство.