ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОБЈАВУВА ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТИТЕ НА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА

  1. Кандидатот за национален координатор за трансплантација, согласно член 55 од Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување (Службен весник на РМ 47/2011, 136/2011, 91/2013, 164/2013, 27/2014, 112/2014, 144/2014, 124/2015, 149/2015 и 37/2016), треба да ги исполнува следните услови:

1) Да има завршено медицински факултет со просек од најмалку 8,0
2)  Положен стручен испит

3)Специјализација од хируршка или интернистичка гранка на медицината
4) Најмалку пет години работно искуство во соодветната специјалност
5) Да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност,

6) Да е државјанин на Република Македонија,

7) Активно да го владее македонскиот јазик.

  1. Доколку кандидатот биде избран за национален координатор, во рок од шест месеци од изборот ќе полага психолошки тест и тест за интегритет, и ќе достави доказ за исполнетост на условот активно да го познава англискиот јазик, што се докажува со еден од следниве меѓународно признати сертификати:

– ТОЕФЕЛ (TOEFEL) – најмалку 74 бода за електронско полагање преку компјутер, не постар од три години од денот на издавањето,
– ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода, не постар од три години од денот на издавањето,
– ТОЛЕС (TOLES) – базично познавање (Foundation level),
– ИЛЕК (ILEC) – положен со успех најмалку Б2 (B2), Кембриџ сертификат за прелиминарен англиски (Cambridge Certificate of Preliminary English) – Б1 (B1) и
– меѓународно признати сертификати за познавање на англискиот јазик од областа на медицината.

  1. Националниот координатор за трансплантација го избира Владата на РМ по објавен оглас, за период од четири години.
  2. Лично подготвената пријава, придружена со кратка биографија и документацијата за исполнување на условите од точката 1 од овој повик, кандидатите може да ја достават најдоцна до 4 мај 2018 година, лично во архивата на Министерството за здравство или по пошта на следната адреса:
    Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија”, бр.14, Скопје. Co назнака ОГЛАС за национален координатор за трансплантација.
Сподели на:

Related Posts