Отворање на Центар за остеопороза и пуштање во употреба на новиот апарат за мерење на коскената густина – остеодензитометарот, ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, заменик министерката д-р Маја Манолева и државниот секретар д-р Јусуф Хасани во ГОБ “8 Септември”.
– Сакам да изразам благодарност за оваа важна донација од Турската агенција за соработка и координација од Република Турција. Со воведувањето на овој остеодензитометар ќе се унапредат условите за дијагностицирање и менаџирање на остеопорозата, изјави министерот Меџити по повод отворање на Центарот за остеопороза и пуштање во употреба на новиот апарат за мерење на коскената густина.