Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари.
Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899001.
Исто така, граѓаните имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја секоја среда од 13:30 16:00 часот.