Search Results for: I

OДБЕЛЕЖУВАЊЕ СВЕТСКА НЕДЕЛА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ – ОТПОРНОСТА НА БАКТЕРИИТЕ РАСТЕЧКА ЗАКАНА ЗА ГЛОБАЛНОТО ЗДРАВЈЕ

По повод одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотици,  се одржа состанок на националната мрежа за следење на антимикробната резистенција, во организација на Мултисекторската комисија за контрола на антимикробна резистенција при Министерство за здравство. -Податоците покажуваат дека во светски рамки, вклучително и во нашата држава, отпорноста на бактериите кон антибиотиците е растечка закана […]

ОБЕЗБЕДЕНИ НОВИ 40 АВТОМАТСКИ АГИТАТОРИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА, СЕ ЗАОКРУЖУВА ПРОЦЕСОТ НА УСОГЛАСУВАЊЕ НА РАБОТА СПОРЕД ЕУ ДИРЕКТИВИ

Стремејќи се кон унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка, обезбедени се 40 автоматски агитатори.  Функцијата на овие агитатори се состои во следење на процесот на дарување на крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на […]

ОБУКА – АКТИ НА ЛИДЕРСТВО, СО ЦЕЛ ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА НА ПОЛЕТО НА ЛИДЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТОТ, НО И ДА СЕ ПОТТИКНАТ ПОЗИТИВНИТЕ ПРОМЕНИ ВО СЕКОЈДНЕВНОТО ВОДЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ

Во Деканатот на Медицински факултет во Скопје, денеска се одржа обука Акти на Лидерство, со цел освежување на знаењата на полето на лидерството и менаџментот, но и да се поттикнат позитивните промени во секојдневното водење на здравствените установи. На оваа обука, учество земаа директорите и претставници на Универзитетските клиники во комплексот „Мајка Тереза“ – Скопје. […]

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕНО НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НАЈКВАЛИТЕТЕН ТРЕТМАН ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО ДИЈАБЕТЕС

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централниот настан за одбележување Светски ден против дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, со поддршка од Министерство за здравство, здруженија, институции и компании.  Во своето обраќање тој нагласи дека Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: 134 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ПОЧНАА СО ШЕСТ МЕСЕЧНА РАБОТА ВО СЛУЖБИТЕ ЗА ПАТРОНАЖНА ДЕЈНОСТ

Од понеделникот, 134 медицински сестри почнаа со шест месечна платена работа во Службите за патронажна дејност во 17 здравствени домови и во 2 општи болници со проширена дејност на територија на Република Северна Македонија. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ги посети и им посака успешен старт на медицинските сестри во Здравствениот Дом во […]

ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ИНСТАЛИРАН НОВ ДИГИТАЛЕН РЕНДГЕН АПАРАТ

Инсталиран е нови дигитален рендген апарат во Општа болница во Гостивар, кој од наредната недела ќе биде пуштен во употреба за пациентите од овој регион. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети болницата и информираше дека извршена е реконструкција на оперативниот блок и изолација на кровна тераса.  -Извршена е реконструкција на оперативниот блок, […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Е АКРЕДИТИРАНА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА, ЗА 15% Е ЗГОЛЕМЕН КАПАЦИТЕТОТ СО ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ ВО УСТАНОВАТА

Клиничката болница во Тетово е акредитирана од Агенцијата за акредитација. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче при денешната посета во оваа јавно-здравствена установа истакна дека како регионален медицински центар, во изминативе две години реализирани се значајни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите. „Извршено е реновирање на инфективното одделение, како и реконструкција […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ЛЕКОТ СПИНРАЗА ОД ВЧЕРА Е ДОСТАПЕН ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО СПИНАЛНА МУСКУЛНА АТРОФИЈА

Лекот Спинраза од вчера е достапен за пациентите со спинална мускулна атрофија. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово на прес-конференција информираше дека во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја е даден овој лек.   „Во текот на вчерашниот ден за првпат во нашата земја беше даден лекот Спинраза. Станува збор […]

НАБАВЕНА НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕРМАТОЛОГИЈА

Универзитетската клиника за дерматологија набави нова медицинска опрема во вкупна вредност од речиси половина милион денари, која ќе обезбеди највисок стандард на дијагностика за пациентите кои се лекуваат на оваа клиника. Од денеска, на клиниката во функција се: нов апарат за пресотерапија и лимфна дренажа за лекување хронична венска инсуфициенција, примарни и секундарни лимфедеми на […]

ЕДНА ГОДИНА НАШИ ИСКУСТВА СО НАЈНОВАТА ИНОВАТИВНА ТЕРАПИЈА ЗА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска се обрати на прес конференција, во организација на Универзитетската клиника за неврологија и Здружението на невролози, по повод споделување досегашни искуства од најновата иновативна терапија за мултипла склероза достапна во земјата.  Во рамки на своето обраќање, д-р Милошев потенцираше дека Министерството за здравство посветено работи […]