ВО ГОСТИВАРСКАТА БОЛНИЦА ИНСТАЛИРАН НОВ ДИГИТАЛЕН РЕНДГЕН АПАРАТ

Инсталиран е нови дигитален рендген апарат во Општа болница во Гостивар, кој од наредната недела ќе биде пуштен во употреба за пациентите од овој регион. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети болницата и информираше дека извршена е реконструкција на оперативниот блок и изолација на кровна тераса. 
-Извршена е реконструкција на оперативниот блок, изолација на кровната  тераса и завршена е постапката за реконструкција на хируршкото одделение во болницата. Во минатиот период набавивме и нова медицинска опрема, со што на медицинскиот персонал им овозможивме подобри услови за работа, а на пациентите квалитетни здравствени услуги.
За две години, се реализирани 37 вработувања на неопределено работно време (1 доктор специјалист по ОРЛ, 13 доктори на медицина, 15 медицински сестри, 1 акушерка, 2 лаборантски техничари, 1 фармацевтски техничар, 1 физиотерапевтски техничар, 2 РТГ технолози, 1 дипломиран физиотерапефт). Со договор на дело се ангажирани 22 вработени и во тек е огласот за вработување за 27 работници кои се медицински кадар и 23 работници кои се немедицински кадар.
Сподели на:

Related Posts