Search Results for: I

ЗДРАВСТВЕН ДОМ ОХРИД СО НОВО СОВРЕМЕНО ВОЗИЛО ЗА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Здравствен дом Охрид набави ново современо амбулантното возило за Итната медицинска помош со комплетна медицинска опрема. Вкупната вредност на возилото изнесува 4.6 милиони денари.  -Работиме на унапредување на примарната здравствена заштита, со подобрување и обновување на медицинската опрема и возниот парк на Итната медицинска помош. Со ова возило ќе ја подигнеме ефикасноста на ПЗЗ, особено […]

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА РЕНОВИРАЊЕ НА 34 ЈАВНОЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ВО ДРЖАВАТА

Министерството за здравство информира дека на ден 06.08.2019 година на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) почната е постапка за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Република Северна Македонија. Со цел зајакнување на капацитетите на […]

ПОЧНАТА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА ЗА ИЗГРАДБА НОВ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР НА ГРИНФИЛД ЛОКАЦИЈА ПО МОДЕЛ „КЛУЧ НА РАКА” СО ПОДДРШКА ПРИ МЕНАЏИРАЊЕ НА ПРОЕКТ

Ве известуваме дека Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден на Електонскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја почна постапката за јавна набавка за изградба на нов универзитетски клинички центар на greenfield локација по модел „клуч на рака” со поддршка при менаџирање на проектот. Министерството за здравство со пристапување кон реализација и изградба на […]

ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ СТАРТУВА НА ПОЧЕТОК НА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Изградбата на новиот Универзитетски клинички центар во Општина Ѓорче Петров ќе стартува на почеток на следната година, ќе биде завршен за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари што ќе се обезбедат со кредит од комерцијалните банките „Ерсте груп“, „Рајфајзен Банк“ и „Уникредит“, кои доставиле најдобра понуда, информира денеска министерот за […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ И МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО КУМАНОВО: ПАЦИЕНТИТЕ ОД СЕВЕРОИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА ЗЕМЈАТА НА ЕДНО МЕСТО ЌЕ ГИ ДОБИВААТ СИТЕ НЕОПХОДНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска, присуствуваше на отворањето на ново изградениот Ургентен центар во рамки на општата болница во Куманово. Покрај него, на настанот присуствуваа и заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи […]

ДОЕЊЕТО – НАЈДОБАР НАЧИН ЗА ИСХРАНА НА ДОЕНЧИЊАТА И ОСНОВА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ВО АДУЛТНАТА ВОЗРАСТ

Во пресрет на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1-7 август, претседателката на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова, информираше за активностите на поткомитетот, со цел потенцирање на важноста на доењето од медицински и општествен аспект.  – Оваа година, мотото на Светската асоцијација за доење (WABA) […]

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: СО НАЈНОВИТЕ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ СЕ МЕНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА НА ДОКТОРИТЕ И СЕ ЕЛИМИНИРААТ ПРЕЧКИ ЗА КОИ ФЕЛАТА СО ГОДИНИ АЛАРМИРАШЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција на која информираше за најновите измени на Законот за здравствена заштита.   -Станува збор за значајни законски измени со кои се менуваат условите за работа на докторите, согласно нивните потреби и барања, а воедно се елиминираат сите пречки за кои докторската фела алармираше со […]

ПАТРОНАЖНИТЕ СЕСТРИ СЕ КЛУЧНИ – ПРЕКУ ОБУКИ И ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА РАБОТА ГО ЗАЈАКНУВАМЕ НИВНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ПОДОБРА ИДЕНТИФИКАЦИЈА, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО

Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки со поддршка од Министерството за здравство и УНИЦЕФ, денеска, одржаа работен состанок на кој патронажните сестри, директори на здравствени домови, претставници на Министерството и здравствени експерти дисктутираа како целосно да се искористи потенцијалот на патронажните сестри за подобра идентификација, превенција и подобрување на здравјето на населението. Патронажните сестри […]

ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП ДОБИ ДОНАЦИЈА АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ОД ТИКА

Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска доби донација – амбулантно возило. Станува збор за донација обезбедена од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.  Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче се заблагодари за возилото за транспорт на пациенти, со кое се зајакнуваат капацитите во болницата и се подобруваат здравствените услови и услуги. […]

НОВА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба – специјални апарати за лапароскопска хирургија и нови хируршки инструменти од денеска се ставени во употреба на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија. Станува збор за т.н столбови, кои се наменети и ќе најдат примена во прецизната лапароскопска хирургија. Покрај столбовите, за оваа Клиника се набавени и […]