Пандемијата со вирусот ковид-19 ни покажа дека грижата за менталното здравје е подеднакво важна како и грижата за физичкото здравје. Во рамки на Програмата за здравствена заштита на лица со душевни растројства која Министерството за здравство ја изготвува на годишно ниво, предвиден е развој на Центри за ментално здравје како вонинституционална форма на третман, согласно препораките на СЗО, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали во обраќањето на денешната панел дискусија посветена на младите и менталното здравје, организирана на иницијатива на сопругата на претседателот на државата. Неодамна е отворен и функционира Центарот за ментално здравје во Кочани, а во тек се подготовки за отворање вакви центри во Кичево, Битола, Штип. Предвидено е и отворање на Центар за ментално здравје кој ќе биде специјално наменет за млади лица.
Related Posts
ПРОЕКТ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И СТАТУСОТ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
декември 18, 2024
СРЕДБА ТАРАВАРИ СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА
декември 11, 2024