Свечено пуштен во употреба комплетно реновиран прв кат на Клиниката за психијатрија, поставена нова фасада и нов кров на објектот.
Значително ја подобруваме енергетската ефикасност на клиниката, каде покрај извршеното реновирање, првпат е опремена и посебно адаптирана болничка соба за лица со хендикеп.
Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на Клиниката за психијатрија.
Вкупната сума на инвестицијата изнесува над четириесет милиони денари.