Со цел подобрување на условите и модернизирање на здравството во Република Македонија, министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски потпишаа заеднички Меморандум за соработка за изградба на повеќенаменски комплекс за јавни услуги во Дексион, во кој превидено е да има нова модерна амбуланта, нова градинка и административни простории за потребите на локалната самоуправа на место на постојната здравствена институција.
Преку грижа за пациентите се обезбедува квалитетно здравство за сите граѓани со изградба на нова модерна амбуланта, нова градинка и административни простории за потребите на локалната самоуправа на местото на постојната здравствена институција во урбаната заедница Дексион, преку воспоставување договор за јавно-приватно партнерство.
Министерот Филипче посочи дека поголем број од амбулантите, како и таа во Дексион, се во лоша состојба, зашто долги години не е инвестирано во нив. Со ваквите значајни проекти, користејќи ги искуствата на модерните западни земји, се очекува состојбата во здравствениот сектор значително да се подобри.
Ова е значаен проект за граѓаните, прв од ваков вид, воспоставен меѓу три јавни институции и приватен партнер, со кој се овозможува подобрување и модернизирање на условите во здравството во кои сега работат медицинските лица во општина Ѓорче Петров, појаснувајќи дека преку заедничка соработка на трите институции, и во соработка со приватниот партнер, кој треба дополнително да биде избран на оглас, откако ќе заврши постапката за физибилити студија, очекувањата се дека до средина на следната година треба да биде поставен камен-темелник за овој повеќенаменски комплекс за јавни услуги.