Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева присуствуваа на потпишувањето нови грант-проекти во рамки на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.
-Посебно ме радува што со овие грантови се опфатени три јавни здравствени установи, како што се: Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје, која се зајакнува со нов апарат за ултразвук; Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, каде е предвидено реновирање на подовите и вратите; додека за Здравствениот дом Неготино е предвидена набавка на нов дигитален рендген апарат.
Амбасадата на Јапонија е наш партнер во заложбите за унапредување на квалитетот на здравствените услуги и зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Упатувам посебна благодарност до амбасадорот Оцука Казуја и јапонската амбасада за овој значаен придонес и честитам за 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Јапонија, посочи министерот Демири.