ПРЕКУ ПРЕВЕНТИВНАТА ПРОГРАМА ЗА ХИВ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР „САКАМ ДА ЗНАМ“ – ВОДНО, БЕСПЛАТНИ УСЛУГИ ОД ДЕРМАТОЛОГ, ГИНЕКОЛОГ, ПСИХОЛОГ И БЕСПЛАТНА КОНТРАЦЕПЦИЈА И ТЕРАПИЈА ЗА СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ (СПИ)

Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат:

– Гинеколошки прегледи и советувања (дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија и контрацепција, ехо-преглед);

– Дерматовенеролошки прегледи (крио-терапија, дијагностика на сексуално преносливи инфекции, администрирање на терапија);

– Тестирање за ХИВ;

– Психолошки советувања;

– Врсничка едукација/едукација со педагог;

– Дистрибуција на кондоми и едукативни материјали;

– Советувалиште за превенција од употреба на дроги.

 

Сите услуги се пристапни и достапни и за лица/млади со попреченост. Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од 3 часа.

Понеделник

Вторник Среда

Четврток

 

Дерматовенеролог

14:00 – 17:00


 

Советувалиште за дроги

14:30 – 17:30


 

Тестирање за ХИВ

17:00 – 20:00

 

 

Советувалиште за дроги

14:30 – 17:30


 

Советување за ментално здравје

14:00 – 17:00


 

Гинеколог

15:00 – 18:00

 

 

Дерматовенеролог

15:00 – 18:00


 

Тестирање за ХИВ

15:00 – 18:00

Советувалиште за дроги

14:30 – 17:30


 

Советување со психолог

15:00 – 18:00


 

Тестирање за ХИВ

17:00 – 20:00

Сподели на:

Related Posts