РАБОТИЛНИЦА СО СЗО И УНИЦЕФ ЗА МАПИРАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

Заменик министерката, д-р Маја Манолева учествуваше на работилница, посветена на проценка и мапирање на целите за ментално здравје и психосоцијална благосостојба на деца и адолесценти, што се реализира во соработка со СЗО и УНИЦЕФ.

-Меѓу главните приоритети на Министерството е градењето капацитети за ментално здравје на децата и адолесцентите во здравствениот сектор, со цел унапредување на грижата за пациентите, за што е неопходно и продлабочување на соработката со Министерството за образование и МТСП, во насока на сеопфатно адресирање на проблемите и прашањата поврзани со менталното здравје и психосоцијална благосостојба кај децата и адолесцентите, посочи д-р Манолева во своето обраќање на работилницата.

Сподели на:

Related Posts