Работна средба на министерот Беким Сали со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи на која се разговараше за имплементацијата на проектот за итно справување со Ковид 19, при што беа истакнати придобивките од користењето на средствата од заемот. Имено, воспоставени се и опремени регионални ковид центри кои овозможија сместување на пациенти болни од Ковид 19 во моментите кога беа неопходни дополнителни болнички капацитети, набавени се лекови и медицинска опрема за лекување на пациенти болни од Ковид 19, набавени се брзи антигенски тестови, како и други активности за справување со вирусот Ковид 19. На средбата, беше договорена и натамошната имплементација на овој Проект во делот на здравството.Исто така се разговараше за Нацрт-стратегијата за човечки капитал 2022-2030 година, усвоена од Владата со целзајакнување и унапредување на човечкиот капитал за инклузивен развој.
Related Posts
АНДОВСКИ: ГОДИНАВА РЕКОРДЕН БРОЈ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП
ноември 22, 2024
СОВРЕМЕН ИНКУБАТОР ЗА КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА
ноември 11, 2024