МИНИСТЕРОТ САЛИ ВО ПОСЕТА НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ – ГОДИНАВА ИЗВРШЕНИ 36.000 ПРЕГЛЕДИ НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД И 7.000 ХОСПИТАЛИЗАЦИИ

Во Градската општа болница „8 Септември“ веќе две години деноноќно се лекуваат пациенти со Ковид-19. Ова беше повод за денешната посета на министерот Беким Сали на оваа установа, која веќе две години, функционира како ковид-центар.

-Од оваа перспектива, може да се каже дека ГОБ „8 Септември“ изминатиот период се соочи со исклучително голем предизвик на кој успешно одговори и со полн капацитет, имајќи предвид дека установата е комплетно опремена и подготвена за вршење целосен дијагностички и терапевтски третман, со најсовремена медицинска опрема и обучен стручен кадар.

Во континуитет се зајакнува капацитетот на установата, така на пример, од социо-економскиот грант од Амбасадата на Јапонија во вкупна вредност од 813 илјади евра е обезбедена нова медицинска опрема за пост ковид третман на пациенти, а до крајот на годината ќе следи и дополнително зајакнување во овој сегмент, рече министерот Сали.

На средбата, директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов информираше дека годинава се извршени 36.000 прегледи во трите инфективни амбуланти и во тријажниот центар на пациенти позитивни на Ковид-19 или суспектни на вирусот.

Во изминатите месеци во болницата биле хоспитализирани 7 000 ковид позитивни пациенти. Во рамки на третманот и лекувањето на овие пациенти се извршени 17.600 биохемиски анализи и 21.100 крвни анализи на трансфузиологија (хемостаза со Д Димери).

Сподели на:

Related Posts