РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА КЛИНИКИТЕ-ВО ФОКУС ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРИРАЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на средбата со директорите на универзитетските клиники разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење.

-Се надевам дека сите ќе дадеме максимум од себе за да ја подобриме состојбата на клиниките. Во нашиот фокус е да го вратиме клиничкиот центар како една установа, со цел поефикасно функционирање, истакна министерот во воведното обраќање.

На средбата беше презентиран здравствениот совет како ново советодавно тело, кое посветено ќе работи и на оваа тема.

Во рамки на отворената дебата беа разгледани повеќе решенија за унапредување на состојбите.

Сподели на:

Related Posts