Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Н.Е Дан Орјан.
Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за размена на доктори и друг медицински персонал, со цел меѓусебна размена на искуства и воведување нови методи во работата на јавните здравствени установи.
![](https://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2018/01/foto-sredba-so-izraelski-ambasador.jpg)