РЕГИСТРИРАНИ 449 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 99.031 ОЗДРАВЕНИ СЕ 227 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 10 ЛИЦА

Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 170, Прилеп – 55, Кавадарци – 35, Гевгелија – 23, Тетово – 19, Охрид и Куманово – по 17, Битола и Неготино – по 16, Велес – 10, Струга – 8, Струмица и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Штип, Делчево и Богданци – по 5, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 4, Пробиштип и Демир Капија – по 3, Кичево, Дебар, Валандово и Крушево – по 2, Кочани и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 227 оздравени пациенти од: Скопје – 102, Куманово – 41, Прилеп – 17, Кавадарци – 14, Тетово и Велес – по 8, Штип – 6, Гостивар и Кочани – по 5, Битола и Струмица – по 4, Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево – по 2, Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица.Починати се 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.283 тестови преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-66, Авицена-312, Биотек-207, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Систина-232, Лаор–411, МАНУ-0, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-140, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-191, Ремедика-23, ИБЗД Козле-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932, УК пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-3, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.

Сподели на:

Related Posts