РЕГИСТРИРАНИ СЕ 112 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 154.636 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 2.179 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 13 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово – по 3, Штип и Неготино – по 2, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово – 1.
Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од:Скопје – 924, Куманово – 189, Битола – 166, Прилеп – 137, Тетово – 97, Охрид – 94, Велес – 76, Кичево – 65, Гостивар – 60, Штип – 55, Кавадарци – 43, Ресен – 41, Гевгелија – 28, Струмица и Струга –по 26, Неготино – 24, Кочани – 23, Делчево – 18, Свети Николе – 17, Виница и Демир Хисар – по 14, Радовиш – 9, Крива Паланка, Богданци и Крушево – по 8, Македонска Каменица и Валандово – по 3, Пробиштип – 2, Демир Капија – по 1
Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.
Направени се 4.196 тестови преку: ИЈЗ-246, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-12, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–69, МАНУ-98, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Авицена-351, Биотек-606, Систина-265, лабораторија Лаор-703, Синлаб-158, Ремедика-100, Плодност–74, Генеа–17, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1024.
Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на починати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.

Сподели на:

Related Posts