РЕГИСТРИРАНИ СЕ 62 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 154.698 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 245 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 14 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 33, Гостивар и Струмица – по 4, Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Куманово – 2, Тетово, Велес, Кочани и Кратово – по 1.
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од:Скопје – 148, Битола – 17, Струмица – 15, Виница – 9, Кочани – 8, Кичево – 7, Прилеп, Тетово и Штип – по 6, Куманово – 4, Велес и Берово – по 3, Гостивар, Свети Николе, Делчево, Валандово и Пехчево – по 2, Ресен, Радовиш и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови.
Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-95, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–80, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-282, Биотек-302, Систина-249, лабораторија Лаор-641, Синлаб-29, Ремедика-23, Плодност–48, Генеа–13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 406.
Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.

Сподели на:

Related Posts