РЕГИСТРИРАНИ СЕ 14 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОЦИРАНИ Е 155.071 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 103 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ 13 ЛИЦА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.489 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 10, Куманово, Кавадарци, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 103 оздравени пациенти од:
Скопје – 40, Струмица – 8, Куманово и Кавадарци – по 7, Охрид и Виница – по 6, Прилеп и Кратово – по 4, Велес, Свети Николе, Радовиш и Берово – по 3, Битола – 2, Штип, Кочани, Кичево, Неготино, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 1.Пријавени се вкупно 13 починати лица: по 3 лица од Скопје (61г,76г, и 86г) и Гостивар (63г,69г, и 83г), по едно лица од Струмица (80г), Кавадарци (86г), Прилеп (70г), Кочани (76г), Тетово (68г), Гевгелија (50г) и Валандово (72г).
Од пријавените, 5 лица  се починати  во домашни, а останатите 8 во болнички услови.
Направени се 1.489 тестови преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена -159, Биотек-345, Систина-121, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-30, Плодност–44, Генеа–0, Никоб лаб-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 568.
Досега во земјата се направени вкупно 779.581 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.071, бројката на оздравени пациенти е 147.043, на починати е 5.342, а бројот на активни случаи изнесува 2.686.

Сподели на:

Related Posts