РЕГИСТРИРАНИ СЕ 43 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД 19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 155.345 – ОЗДРАВЕНИ СЕ 48 ПАЦИЕНТИ – починати се 6 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.007 тестирања, а регистрирани се 43 нови случаи на КОВИД-1 од:Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистрирани се 48 оздравени пациент од:Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово,Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Направени се 3.007 тестови преку: ИЈЗ-485, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–15,ЦЈЗ Куманово–25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–10, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–43 МАНУ-95, Жан Митрев (Филип Втори)-158, Авицена-267, Биотек-424, Систина-152, лабораторија Лаор-319, Синлаб-23, Ремедика-50, Плодност–37, Генеа–20, Никоб лаб-50, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 624.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.

Сподели на:

Related Posts