Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 84 оздравени пациенти од:Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови.Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.
Направени се 4.060 тестови преку: ИЈЗ-409, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-105, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-15, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–67, МАНУ-75, Жан Митрев (Филип Втори)-283, Авицена -447, Биотек-527, Систина-245, лабораторија Лаор-660, Синлаб-97, Ремедика-69, Плодност–66, Генеа–89, Никоб лаб-7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 757.
Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.