РЕНОВИРАНА И КОМПЛЕТНО ОПРЕМЕНА АМБУЛАНТА ВО УРВИЧ, ОПШТИНА БОГОВИЊЕ

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче свечено ја отвори реновираната и комплетно опремена амбуланта која е донација од страна на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА.

Тој искажа благодарност за донацијата која е од огромно значење за жителите на Урвич и Боговиње кои ќе добијат здравствени услуги во нова и современа амбуланта.

Соработката меѓу Министерство за здравство и ТИКА продолжува и понатаму во делот на донација и реконструкција на здравствени установи, како и обука и едукација на здравствени кадри.

Сподели на:

Related Posts