СЕ ЗАЈАКНУВА КОНТРОЛАТА НА ПАРАЛЕЛНИОТ УВОЗ НА ЛЕКОВИ

Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, со одлука да го достави до Собранието на Република Македонија.

Со предложените решенија веледрогериите се задолжуваат да обезбедат пообемна документација која се однесува на квалитетот на лековите кои се предмет на паралелен увоз.

Дополнително со овој предлог-закон се прецизира начинот на издавање на одобрението за паралелен увоз во смисла на утврдување критериуми и тоа со обезбедување сертификат за квалитет на лек, што e предмет на паралелен увоз, приложен во оригинал. Сертификатот за квалитет треба да биде издаден од производителот на лекот или од лабораторија, овластена од надлежен орган на земјата производител или од земјата извозник на лекот.

На овој начин се овозможува подобрена контрола на квалитетот на секоја серија од лековите кои се предмет на паралелен увоз и се обезбедуваат безбедни лекови од паралелен увоз.

Сподели на:

Related Posts