Министерот за здравство д-р Венко Филипче и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба разговараа за предизвиците на здравствениот систем, предвидените реформи, како и можноста за соработка меѓу Министерството за здравство и Секретаријатот за европски прашања, особено во делот на странската помош наменета за здравствениот систем.
Приближувањето кон Европската Унија, не значи само спроведување на болни реформи, туку и придобивки од приближувањето кон европските вредности и стандарди. Напредокот во приближувањето кон ЕУ значи и напредок во остварување на европско здравство, европски стандарди во здравството, што претставува една од најважните европски перспективи на Македонија.