СО НОВАТА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА ПОДОБРЕН КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ХЕМОФИЛИЈА

-Чест ми е што денес со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе години се подобри квалитетот на живот на пациентите со хемофилија, грижата за нив мора да се продолжи и понатаму, но и да се зголеми, рече министерот за здравство д-р Илир Демири.

Во 2020 година, за оваа група пациенти е воведена иновативна биолошка терапија, со која повеќекратно се намалува зачестеноста од крварења. Со примање на овој лек, квалитетот на живот се крева на ниво на кое лицата со хемофилија функционираат комплетно независно, без непотребни отсуства од училиште или од работа.

Во регионот, веднаш по земјите членки на Европската унија: Словенија, Хрватска и Бугарија, нашата држава е прва земја, која овој лек го направи достапен за лицата со хемофилија.

Сподели на:

Related Posts