СО ВИСТИНСКИ ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИТИКИ ДВОЈНО ЈА НАМАЛИВМЕ СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА

Клиниката за гинекологија и акушерство е позитивен пример за успешно функционирање. Во изминатиот период, направени се значајни подобрување, со што подигнатa e здравствената заштита на повисоко ниво.

„Со вистински здравствени политики двојно ја намаливме смртноста на предвремено родените бебиња. Спроведовме обуки за ефективна перинатална грижа и брза проценка на родилиштата согласно со курикулумите и препораките на Светската здравствена организација (СЗО). Со овие обуки, спроведовме стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема и надградивме вкупно 15 акушерски и неонатолошки протоколи за најчестите состојби во перинаталниот период“, изјави министерот Филипче.

Преку донација обезбедени се три респираторни машини – најнова генерација за високо фреквентна механичка вентилација за новороденчиња. Клиниката за гинекологија и акушерство е првата здравствена установа во целата држава со вакви апарати.

Исто така, подобрени се условите за престој на родилките во Клиниката за гинекологија и акушерство. Обезбедена е нова постелнина за болничките кревети, бојадисани се сите 24 соби на одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата, облека и 16 нови креветчиња за бебињата. Со унапредувањето на условите за престој и лекување на новороденчињата и мајките постигнати се европските стандарди.

 

Сподели на:

Related Posts