СРЕДБА НА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ СО АБАСАДОРОТ НА АВСТРИЈА, ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити на средбата со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас, изрази благодарност за досегашната соработка, во рамки на која се реализираат обуки на доктори специјалисти од Република Северна Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори специјалисти од областа на патологијата, онкологија и офталмологија.

Воедно, особено е значајна соработката помеѓу сите здравствени, медицински, истражувачки и образовни организации, посебно во доменот на здравствената политика и истражување, здравствената едукација и науки и здравствениот надзор и контролата на болестите, истакна министерот Меџити.

Сподели на:

Related Posts