СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА САД

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се сретна со амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.
На средбата амбасадорот беше запознаен со актуелната состојба во македонското здравство, како и мерките и активностите кои во наредниот период ќе бидат имплементирани со цел унапредување на здравствената заштита во целата држава. Исто така, стана збор за нови можности за започнување соработка на полето на едукации на медицинскиот кадар (здравствени работници и соработници), како и меѓусебна размена на искуства.
Воедно, беше потенцирана важноста за продолжување на досегашната успешна соработка во делот на обновување и унапредување на условите во јавните здравствени установи.

Сподели на:

Related Posts